
Ако се грижите за бегалците, престанете со поддршката за терористите! Ова накратко е пораката што сирискиот претседател Башар ел Асад ја упати до Европа во интервјуто за Раша тудеј.
Тој вели дека Европа „не се справува со причината“ за моменталната бегалска криза, додавајќи дека се што бараат Сиријците е „безбедност и сигурност“.
Не станува збор дали Европа ги прифати или ги презема како бегалци, туку за тоа дека не се справува со причините. Доколку сте загрижени за бегалците, престенете да со поддршката за терористите. Тоа е суштината на работите кога се во прашање бегалците, им порача Асад на европските лидери во разговор со група руски новинари.
Европа последниве недели се соочува со бран бегалци од земјите од Блискиот Исток, пред се од Сирија, кои соочени со конфликтите во своите држави, бегаат кон европските земји, надевајќи се на подобар живот.
Ако било кој сириец го прашате што сака, првото нешто што ќе ви го каже е: „Сакаме сигурност и безбедност за секој поединец и за секое семејство“, вели Асад, додавајќи дека политичките сили без разлика дали се во или надвор од владата „треба да се обединат околу тоа што сирискиот народ го бара“.
Асад во исто време упати апел до, како што рече, сите сили во Сирија, да се обединат во борбата против тероризмот.
Би сакал да ја искористам оваа можност да ги повикам сите сили да се обединат против тероризмот, бидејќи тоа е единствен начин да ги постигнеме политичките цели, што сите ние како Сиријци ги сакаме, преку дијалог и политичко дејствување, порача Асад.
Според него, во Сирија ќе биде можен успешен полиитчки дијалог само откако „ќе биде поразен тероризмот“.