Буфон: Сити е меѓу фаворитите за триумф во ЛШ, тоа дополнително не мотивира

Манчестер Сити има одличен старт во Премиер лигата, додека пак Јувентус во Серија А почна многу разочарувачки, каде сеуште не знае за победа. Сепак, ова е Лига на шампиони, влогот е сосема друг, мотивацијата исто така, па според голманот на “старата дама”, Џиџи Буфон натпреварот ќе биде максимално неизвесен до самиот крај.

Во нашите редови постои одлично расположение пред овој натпревар. Јас првпат ќе играм на овој стадион, Сити е меѓу фаворитите за триумф во ЛШ, што дополнително ја зголемува нашата мотивација. Истовремено за нас е и можност да ја вратиме самодовербата и да се увериме во сопствените квалитети и вредноста која ја поседуваме, вели капитенот на Јувентус кој не смета дека повредата на Серхио Агуеро е предност за европскиот вицепрвак.

Џиџи Буфон верува дека Јувентус може да се надигрува со Манчестер Сити
Џиџи Буфон верува дека Јувентус може да се надигрува со Манчестер Сити

Имаат седум или осум врвни офанзивни фудбалери кои можат да играат во најдобрите европски клубови. Штета е што можат да играат со најмногу тројца напаѓачи на теренот, па нема да видиме неколку фудбалери, потенцираше Буфон.

Од останатите вечерашни натпревари, внимание привлекува и дуелот во Ајндховен, каде ПСВ го пречекува другиот тим од Манчестер, Јунајтед како и натпреварот помеѓу силната Севиља и Борусија Менхенгладбах.

Вторник, 15 септември:

Манчестер Сити – Јувентус
ПСВ – Манчестер Јунајтед
Севиља – Борусија Менхенгладбах
Реал Мадрид – Шахтјор
ПСЖ – Малме
Галатасарај – Атлетико Мадрид
Бенфика – Астана
Волфсбург – ЦСКА Москва