
Постои анегдота дека најкратката приказна ја напишал Ернест Хемингвеј. Тој пред своите пријатели тврдел дека може да напише една комплетна, смислена приказна, со само 6 збора!
Неговите пријатели се насмеале и секако не се сложиле со тоа тврдење. Сите се обложиле во 10 долари против него, тврдејќи дека тоа не е возможно.

Хемингвеј земал чисто хартиено шамивче од масата, напишал 6 збора и на сите им дал да прочитаат.
Откако ја прочитале приказната сите се сложиле дека тој бил во право.
Ова е најкратката приказна што некогаш е напишана:
Се продаваат детски чевли. Никогаш неносени.