
Во продолжение имате можност да проследите повеќе фотографии и да видите каде живее светски познатиот дизјанер. Дали ви се допаѓа новиот дом на Келвин Клајн?

Зад модерниот имот кој се состои од пет спални соби и дури седум тоалети, а исто толку многу скриени тараси, стои потписот на дизајнерот Пол Меклин, алијас Келвин Клајн.

Мора да признаете дека има нешто посебно привлечно гледано и аналитички од домовите на познатите луѓе во музиката, филмот, модата. Особено на оние кои важат за поборници на одредена, отмена естетика, на која и се восхитува половина свет.

Навистина е занимливо да ѕиренете во нивниот дом, и да видите која е нивната идеја за уредување на ентериерот и просторот каде што живеат. Еве вистинска можност да го доловите раскошот на резиденцијата на дизајнерот Паул Меклин во Лос Анџелес.

Новиот дом на Келвин Клајн е уреден во модернистички стил. Современиот дизајн се осликува во стаклените ѕидови, огромниот (бескраен) базен, чистите линии, како и гламурозниот влезен ходник во облик на мост над водопад.