
Откако WWD ја објави листата на топ 10 бои за жени и мажи, да речеме дека во 2016. Годинасе ќе се врти околу нежните тонови, смирените тонови и бои.
Според експертите од Pantone Color институтот, нежната, пастелна розова е бојата број 1 за пролетта 2016. година.
Извршната директорка на компанијата, Леатрис Еисман верува дека постои психолошка причина зошто овогодинешните топ нијанси се смирувачки и нежни.
-Фактот дека технологијата не обзеде и станавме достапни 24 часа на дене причината зошто ни требаат смирувачки и понежни нијанси. Технологијата игра огромна улога во животите на луѓето поради што понекогаш сепак имаме желба да се исклучиме од реалноста и да се одмориме од се, вели Леатрис.
Но, да се вратиме на победникот. Над 22 отсто од дизајнерите ја користеле токму Rose quartz бојата во своите колекции Пролет 2016., со што розова стана најпопуларна нијанса за идната сезона, додека „прва придружничка“ е праска бојата.