Наскоро достапна опцијата „дислајк“ на Фејсбук

Наскоро достапна опцијата „дислајк“ на Фејсбук

Фејсбук работи на долго очекуваното копче „дислајк“, најави основачот на оваа социјална мрежа,  Марк Цукерберг.

Луѓето долга низа години прашуваа за копчето „дислајк“. Денеска е посебен ден, бидејќи денеска можам да кажам дека работиме на тоа, посочил Цукерберг.

Тој објаснил дека социјалната мрежа во почетокот не го сакала ова копче, односно опција, бидејќи не сакале систем во стилот на Редит.цукерберг

Фејсбук и неговиот основач сфатиле дека луѓето само сакаат да имаат можност да ги изразат и чувствата поинакви од оние кои ги изразуваат со „лајк“.

Тој рекол дека постојат ситуации како што се вестите за бегалската криза или објавите за починати членови на семејството кои корисниците на социјалните мрежи не сакаат да ги „лајкнуваат“, но за кои засега немаат друга можност.

Она што тие навистина сакаат е можноста да изразат сочувство. Не е секој момент добар, рекол Цукерберг..

Фејсбук работи на ова веќе извесно време, а во компанијата се надеваат дека наскоро оваа опција ќе им биде достапна на корисниците.

Неверојатно е комплицирано да се направи интеракција која ќе биде едноставна, рекол Цукерберг..