Евакуација на кампови за мигранти во Париз

Евакуација на кампови за мигранти изутринава беше спроведена во близина на станицата Аустерлиц и градското собрание на осумаесеттиот париски арондисман во Париз.

Во камповите во тешки санитарни услови живееја околу 500 лица.

Евакуацијата на двата кампа поминала мирно

Повеќе од 500 мигранти ги окупираа камповите недостојни за живот на брегот на Сена. Оваа евакуација на кампови помина мирно.

бегалци33Операциите започна во 6:00. Операцијата е водена од страна на социјалните работници на градот Париз и од невладини организации, под надѕор и присуство на полицијата и голем број на новинари. На местото на евакуација на кампови има присуство и на преведувачи.

Овие евакуации се случија по дебатата во францускиот парламент за прием на бегалци, свикана по одлуката на Франсоа Оланд да се ублажи бранот на бегалци со кои се соочува Германија.

Судот даде зелено светло во петокот за евакуација на кампови од Аустерлиц, каде неодамна се собраа околу 200 шатори околу мостот Шарл де Гол и до Градот на модата и дизајнот. Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго (ПС), тврди дека е обезбедено сместување за сите жители на дивиот камп, пренесува МИА.