
Еврокомесарот Јоханес Хан попладнево треба да пристигне во Скопје, а ккао што беше најавено, тој утре ќе има средба со политичките лидери ни и со претставници на граѓанскиот сектор.
Како што изјави, назначувањето Специјален обвинител, како дел од договорот од Пржино, е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба.
Го ценам и поздравувам фактот дека под олеснување од нас, политичките партии во Македонија успеаја да постигнат краен рок за именување на Специјален обвинител и носење на закон за него. Тоа беше во пет часот утрината и дента се усвои потребната легислатива. Тоа е важен чекор и доказ дека европската заедница е блиску до развој на настаните во Македонија, а ние ќе ги следиме понатамошните чекори. Во секој случај, именувањето на обвинителите е важен елемент за нормализација на политичката ситуацијата во земјата и затоа ова е големо постигнување, јас сум среќен, но ова не е крај на приказната и земјата ќе ја „имаме на око“ за тоа, изјави Хан.