
По повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект, ќе се одржи културна манифестација на 19 септември на улица „11 Октомври“ пред Порта Македонија.
Од овие причини, како и поради подготвителните активности на организаторот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ па се до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ и ул. „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија од вечерва од 23 часот па се’ додека има потреба.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.