
Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која синоќа се случила кај Владата.
Во несреќата која се случила околу 23 часот, учествувале два автомобили, „опел“ и „нисан“.
При судирот на возилата полесно повредени се двајцата возачи, 43 годишниот А.П., кој управувал со „опелот“ и 25 годишниот К.Г. кој го возел „нисанот“. Полесно повредени се и еден сопатник од „нисанот“ и сопатничка од другиот автомобил, додека со тешки повреди се здобила втората сопатничка од „опелот“.