Вонреден Самит на ЕУ посветен на бегалската криза

Вонреден Самит на ЕУ посветен на бегалската криза
Вонреден Самит на ЕУ посветен на бегалската криза

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ги свика лидерите на земјите-членки на ЕУ на вонредна средба на 23 септември, на која ќе се дискутира за миграцијата и предлогот за квоти за распределбата на 120.000 лица во земјите од Унијата.

Во понеделникот министрите за внатрешни работи од ЕУ не успеаја да постигнат согласност по предложените квоти од Еврокомисијата за прифаќање на мигранти.

Еден ден пред Самитот, на 22 септември, министрите за внатрешни работи на 28-те земји-членки повторно ќе го разгледаат планот за задолжителните квоти, кој денеска беше поддржан од Европкиот парламент.

Главни противници на задолжителни квоти се Унгарија, Чешка, Словачка, Романија и Полска.