Тој е ослободен од сите должности, а неговата досегашна работа ќе ја истражува Етичкиот комитет на ФИФА. Во соопштението што го лиферуваше ФИФА стои:
ФИФА информира дека генералниот секретар Џером Валке е на принуден одмор и ослободен е од сите должности, се додека не биде донесена поинаква одлука. Информирани сме за серија скандали во кои се споменува неговото име и тоа ќе биде истражено од Етичкиот комитет на ФИФА.