
Јотовски загуби од домашниот тенисер Лука Илиќ со 2:0 во сетови (7:6, 6:1).
Иако првиот сет беше максимално неизвесен, во вториот работите станаа многу појасни околу патникот во следното коло.
Јотовски исто така претходно е елиминиран во двојки, уште во првата рунда, откако со неговиот партнер Виктор Филипенко од Унгарија се поразени од српско-бугарската двојка Филип Грбиќ и Петар Трендафилов.