Македонка стана ексклузивно лице на Келвин Клајн

Македонка стана ексклузивно лице на Келвин Клајн
Македонка стана ексклузивно лице на Келвин Клајн

Нашиот топ модел Елена Реи стана ексклузивно лице за новата колекција на Келвин Клајн. Ревијата се случи вчера во склоп на Њујоршката модна недела која важи за најпрестижен моден настан.

Елена после огромните успеси во Токио и Мадрид конечно се здоби со ексклузивитет за кој сите идни модели сонуваат. Нејзиниот пат до светска кариера на топ модел не беше случаен, благодарение на успешната долгогодишна соработка на нејзината матична модната агенција Моделс ИН од Скопје и менаџерката Јелена Ивановиќ и нејзината агенција Model Scouting Office Елена се вивна во самиот моден епицентар.

50022unnamed

Деновиве Елена патува во Милано и Париз како ексклузивно лице на Келвин Клајн да работи и на тамошните модни недели.

Таа останува да биде запаметена во колективната меморија како единствено ексклузивно лице од Балканот за модниот гигант и супер бренд Келвин Клајн.

150000unnamed

500066unnamed