Фудбалерот на Барса ќе мора да замине на операција бидејќи има скинати вкрстени лигаменти на коленото, по што ќе следи пауза од шест до осум месеци.
Откако на социјалните мрежи фановите на Барселона распукаа по Наинголан, фудбалерот на Рома реши да се извини за својот груб старт.
Здраво Рафиња, навистина ми е многу жал за лошите вести, немав никаква намера да ти наштетам. Очекувам дека набрзо ќе те видам на фудбалските терени, цврста прегратка до тебе, напиша Наинголан на својот Твитер профил.
И покрај тешката повреда, Барселона ќе го продолжи договорот на Рафиња
Раководството на Барселона сериозно размислува да му го продолжи договорот на Рафиња, без оглед на тоа што оваа сезона за бразилскиот играч за врска е веќе завршена, поради тешката повреда која ја заработи во ЛШ против Рома.
Како што пренесува “Мундо Депортиво”, новиот договор со Рафиња, кој меѓу Каталонците пристигна на 13 годишна возраст, ќе биде продолжен на пет години.