
Една жена од САД му приреди неверојатно совршено изненадување на својот сопруг за неговиот роденден. Го навела да мисли дека му подарува часовник, меѓутоа нејзиниот подарок е нешто што не се споредува со ништо друго.
Својот подарок – позитивен тест за бременост го завиткала слично како часовникот на Епл, а реакцијата на сопругот ја снимала со мобилен телефон.
Нејзиниот сопруг седел на кревети во моментот кога му нареди да ги покрие очите со рака, а потоа му го врачи подарокот.
– Ова планирав да ти подарам веќе подолго време, му кажа, а тој потоа ги отвори очите и убаво се изненади.– Ох ,навистина часовник?!, но кога ја отвори пластичната кутија виде позитивен тест за бременост.Молам? Се шегуваш, изусти за кратко, а потоа хистерично се расплака од среќа.
На крајот од видеото, жената објавува „Ќе добиеме бебе“, а сопругот ја вика да ја прегрне.
Откако е објавено емотивното видео на ЈуТјуб прегледано е 35.000 пати, а заработи и многу позитивни коментари.