Нова бегалска трагедија, се удави 5-годишно дете

Нова бегалска трагедија, се удави 5-годишно дете
Нова бегалска трагедија, се удави 5-годишно дете

Едно петгодишно девојче е пронајдено удавено во нова бегалска трагедија, а 13 лица се спасени при операција на грчката крајбрежна стража крај брегот на островот Лезбос, јавуваат грчките медиуми.

Грчките власти трагаат по уште 12 мигранти, за кои се смета дека се исчезнати.

Пред грчките пристанишни власти, мигрантите изјавиле дека во чамецот со кој патувале, имало 26 лица.