
Во две сообраќајки во Гостивар утрово, повредени се две лица, од кои заради здобиените повредни, едното е на Скопските клиники и се наоѓа во животна опасност.
Според информациите од СВР Тетово, во сообраќајна несреќа која се случила утрово во 3:30 на улицата „Живко Брајковски” во близина на судот, возило „опел-астра” кое го управувал А.Н. (24) удрило во пешак А.К.(27). Повредениот со повреди на главата и градите бил пренесен во животно загрозувачка состојба на Скопските клиники, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Во друга сообраќајка на улицата „Илинденска” утрово во 2 часот повреден е Ф.А. од тетовско Камењане. На него налетало возило „ситроен” кое го управувал Ц.Б (23) од Гостивар. Повредениот пешак е згрижен во Гостиварската болница и задржан на лекување.