
Покрај големиот број блескави тоалети на доделувањето на ЕМИ наградите Хајди Клум се истакнуваше со нејзиниот необичен фустан.

Дури и на 42 години, Хајди во креација на Версаче покажа зошто многумина велат дека таа има една од најубавите фигури во Холивуд. Моделката која во последно време е актуелна со телевизиското шоу „Проект писта“ го покажа совршеното тело во нејзиниот необичен фустан.

Според некои станува збор за вистински погодок, а има и такви на кои оваа малку поавагардна креација воопшто не им се допаѓа. Што мислите вие?