Пад на температурите, облачно и ветровито време не очекува денес.
Облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно и ветровито и многу посвежо време не очекува во текот на денешниот ден. Повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи ќе има особено во источните и јужните делови од земјата.

Ќе дува умерен до засилен северен и северозападен ветар, особено на Запад и во орниот тек на Повардарието. Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени.
Во Скопје и околината слично време
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 23 степени.