Двајца тешко повредени во две сообраќајки во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово околу 4:45 часот на крстосницата на булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Ј. Питу“ во скопската населба Аеродром.

Пред трговскиот центар „Скопјанка“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од И.П. (45) излетало од коловозот и удрило во бетонска жардениера, информираат од МВР.

Со возило на итна брза помош И.П. е пренесен во градска болница „Св.Наум Охридски“ каде што се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување.

Во втората несреќа, која се случила утрово околу 7:50 часот на булевар „Трета Македонска бригада“ повреден е велосипедист кога се судрил со возило марка „рено“.

Повредениот велосипедист е пренесен со возило на брза помош во Ургентнен центар.