
Некои луѓе имаат дарба во необичните работи да наоѓаат идеи за неверојатни проекти. Таков е случајот и со оваа жена, која куќата ја подигнала користејќи контејнер како основа.
Оваа способна жена успеала да организира изградба на целата куќа, за чии рамки никој не би помислил дека е контејнер, некогаш користен за отпад.
Таа документирала како изгледала куќата на почетокот, каде се гледа конструкцијата составена од контејнер, а потоа направила и „селфи“ фотографија, на која се гледа како изгледа куќата на крајот од изградбата.
Денес многумина би сакале да се вселат во нејзиниот преубав дом.