
Префиксот „мега“ повеќе не е доволен. Новата јахта на Андреја Мељниченко, која исплови на своето прво пробно патување од бродоградилиштето во Кил, може само да се опише како гига-јахта. Таа е долга неверојатни 142 метри, со јарболи со височина 91 метар, а нејзината исградба чинела 360 милиони евра!

Првите фотографии од испловувањето повеќе потсетуваат на излегување на некој воен брод, отколку на луксузна јахта.
Јахтата која едноставно е наречена „Sailing Yacht A“, е наследничка и унапредена верзија на минатата јахта „Motor Yacht A“, за која Мељниченко плати повеќе од 260 милиони евра.

Дизајнер на новата јахта на Мељаниченко е Французинот Филип Старк, а изградена е во германското бродоградилиште „Нобискруг“.
Таа се движи со помош на хибриден дизел електрични мотор, има осум ката, со подводна опсерваторија и може да угости 20 гости и 54 припадници на посадата.

Освен импресивната величина, брзината на крстарење е 30 километара на час, а максималната 38 километара на сат.
Четириесет и три годишниот Русин е оженет со поранешната српска пејачка Александра. Неговото лично богатство се проценува на девет милијарди долари, а од екстравагантните превозни средства, освен огромните јахти, тој поседува и „боинг 737“.