Тодоров во Дојран: Амбулантата ќе работи 24 часа цела година

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска ја посети амбулантата во општина Дојран.

На средбата беше објавено дека во Итната медицинска помош во Здравствениот дом се вработени 5 нови доктори, со што се овозможува континуирано преку целата година оваа амбуланта да работи 24 часа.

Тодоров во Дојран: Амбулантата ќе работи 24 часа цела година
Тодоров во Дојран: Амбулантата ќе работи 24 часа цела година

Континуираната здравствена заштита во овој регион е многу значајна како во летниот период така и во текот на целата година.