Србин прво го истепал таткото, па испил отров. Како што информираат српските медиуми, 50-годишниот Б.М. извршил самоубиство така што испил отров креозан, откако претходно го претепал речиси до смрт својот татко Б.М. 69.
Оваа семејна трагедија се случила во селото Горња Буковица, а засега не се откриваат мотивите поради што Б.М. го претепал таткото.
Самоубиецот, сепак оставил проштално писми пред да го испие отровот во семејната куќа, од што починал на лице место.
Неговиот татко со тешки повреди на главата, по укажаната прва помош од болницата во Ваљево е префрлен во Белград.