
Нестабилно облачно време со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер најавува од утре кон крајот на денот и задутре. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пишува МИА.
Македонија ќе биде под влијае на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Во текот на ноќта кон петок, соопшти УХМР, се очекува процесите да бидат поинтензивни локално и во форма на невреме со обилни врнежи од дожд од над 25 литри на метар квадратен воден талог и појава на град.
Според УХМР, денеска попладне ќе има слаб локален дожд проследен со ретки грмежи, особено во југозападните и јужните делови од земјава.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 5.