Самарџиски дебитираше за Мега Лекс

Самарџиски дебитираше за Мега Лекс

Во пријателски натпревар како подготовка новата сезона Мега Лекс го совлада турскиот состав на Пинар Каршијака (кој е учесник во Евролигата) со резултат 73:69.

За најмладиот тим во АБА лигата кој претходно славеше победи над Будуќност и Трабзон, нашиот центар и поранешен играч на МЗТ Скопје Аеродром, Предраг Самарџиски во победата придонесе со четири поени.

Најефикасни беа Симеуновиќ со 19 и Загорац со 18 поени, додека на спротивната страна @двоцифрени@ беа Габриел со 13 и Џастин Картер со 12 поени.