
Со голот на Даниел Калигури, гостите на полувреме имаа водство од 0:1, што навестуваше пораз за актуелните шампиони. Се до 51-та минута.
Резервистот Роберт Левандовски, кој влезе на почетокот од второто полувреме имаше свое гол-шоу. Полјакот постигна дури пет погодоци во интервал од само девет минути, од 51-та до 60-та минута, подвиг кој досега не е виден на фудбалските терени. Присутните на “Алијанц Арена” во транс и неверување ги проследија молскавичните девет минути на Левандовски, кои со сигурност ќе останат запишани во аналите на европскиот и светскиот фудбал.
Бундеслига, 6-то коло:
Дармштат – Вердер 2:1,
Херта – Келн 2:0,
Инглоштат – Хамбургер 0:1.
Вечерва се играат другите пет натпревари од оваа рунда:
Хановер – Штутгарт,
Хофенхајм – Борусија Дортмунд,
Баер Л. – Мајнц,
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург,
Шалке – Ајнтрахт.
Табела: Баерн 18 бодови, Борусија Д. 15, Волфсбург 11,…