
Оваа куќа од соништата во природа со 372 квадрати во американската држава Индијана може да ја купите за само 199 долари.
Единствен услов што сопственикот на оваа куќа од соништата го поставува е да напишете есеј во кој во 200 збора би требало да опишете зошто вие би биле најдобар соспственик на таа куќа која има 14 спални соби, камин и поглед на реката Охајо.
За есејот треба да уплатите 199 долари, а натпреварот се затвора кога ќе пристигнат вкупно 2.000 есеи. Значи, семејството што ја продава куќата на крајот ќе добие 398.000 долари.
Стручното жири ќе го одбере најдобриот есеј (главен критериум се креативноста и граматиката) така што новиот сопственик ќе ја добие куќата за само 199 долари.
Сите останати ќе останат без уплатената сума. Мора да признаете, доста инвентивен и невообичаен начин на продажба на недвижен имот.