
Вечерва и утре очекувајте дожд. Во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со умерен, а повремено и пороен дожд особено попладне. Во пладневните часови денес ќе преовладува облачно време со сончеви периоди.
Попладне од запад ќе се прошири облачност, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Локално се очакува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени, соопштуваат од УХМР.
Во Скопје ќе преовладува слично време, а температурата ќе се искачи до 26 степени.
Утре облачно со умерен, а повремено и пороен дожд
И во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со умерен, а повремено и пороен дожд особено попладне.
Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата.

Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југоисточен ветер. Потоа следува период на променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.