
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ денес изјави дека Србија нема да одговори на новите мерки на хрватската Влада.
– На економски мерки може да се одговори со мерки, а на лудилото никако, истакна Вучиќ.
Тој нагласи дека граѓаните на Хрватска се добродојдени во Србија и секогаш ќе биде така, без разлика на новите мерки на хрватската Влада.
– Ниту еден хрватски граѓанин нема да биде запрен. Ние на новите мерки немаме одговор, изјави српскиот премиер, додавајќи дека тоа никој не го прави во Европа.