
Наулниците кои го проучувале џиновскиот сибирски кратер предупредуваат дека ќе се појави нов кратер кој ќе биде многу поголем од постоечкиот. Тие тврдат дека ја знаат и точната локација на новиот кратер, но ја држат во тајност.
Истражувачот на Институтот за геологија и геофизија, Владимир Оленченко, вели дека откриениот кратер е абнормален, односно не настанал природно, туку поради насобирае гасови под него.
Новиот кратер ќе биде многу оддалечен од другите кратери кои се формирале минатата година, но ќе биде многу поголем.
-Точната положба ја чуваме во тајност за таму да не се собираат науници и квазинаучници бидејќи дупката може да се отвори во секој момент, објаснил Оленченко.