Поради венчавката на Бар Рафаели воздушниот сообраќај во прекин?

Поради венчавката на Бар Рафаели воздушниот сообраќај во прекин. Манекенката и нејзиниот вереник Ади Езра, сакајќи да ги спречат упорните папараци што сакаат да ја снимаат церемонијата што вечерва ќе се оддржи во северен Израел, побараа од агенцијата за цивилно воздухопловство да го затвори небото над тоа подрачје.

Повикувајќи се на безбедносни причини поради потенцијалната гужва во тој воздушен простор, агенцијата дала одобрение.

Набрзо потоа следела лута реакција на израелскиот министер за транспорт Израел Кац кој изјавил дека „Небото им припаѓа на сите и дека тој вид ексклузивност неможе од комерцијални прични да се дава на било која позната личност“.

По веста дека летовите ќе бидат забранети, Кац упати строга нота до директорот на цивилното воздухопловство во која се предупредува дека „тој ќе биде сменет од функцијата доколку небото над просторот каде што се одржува венчавката на Бар Рафаели не биде отворено“.