
Алсат објави вест дека до нив пристигнало писмо кое е наводно потпишано од специјалците, со кое од Катица Јанева бараат прво специјалното обвинителство да ја разгледува полициската акција за сузбивање на криминално терористичката група во Диво насеље, пишува Денешен.
Алсат вели дека писмото е отворено, но иако тоа значи дека би требало да е достапно за сите и целокупната јавност писмото никој ниту го видел ниту пак потписите на специјалците кои наводно стојат зад него се објавени со цел да се потврди веродостојноста.
Досега нема потврда од специјалната обвинителка Јанева дека воопшто примила такво писмо. Фактот што опозициските медиуми финансирани од Сорос веста ја превземаа, а се познати по шпекулантскиот однос и отвореното манипулирање како и бруталните и приземни лаги кои ги изнесуваат во сè поголем број, укажува на тоа дека станува збор за уште една лага која има за цел извртување на вистината и креирање на лажна слика, пишува Денешен.
Во последниот период таквите текстови преполни со погрешни непроверени информации се се почести. Така на пример тие отворено шпекулираа со бројката за вработени во администрација. Тврдеа дека таа изнесува над 180 илјади вработени, плус вработените во јавните претпријатија, а всушност вистинската бројка е 128 илјади во над 3.000 институции заедно со вработените во јавната администрација. Потоа шпекулираа за текот на преговорите со Питер Ванхојте за што се потврди дека се целосно невистинити.
Тие дезинформираа како наводно Тодоров бил прекоруван и бркан од разговорите од страна на Ванхојте, па потоа тврдеа дека постигнатиот договор бил фалсификуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ што повторно се покажа како неточно.
Ваквото зачестено и свесно дезинформирање на јавноста упатува на специфичната состојба на опозициските медиуми, и нервозата во нивниот блок.
СДСМ очигледно не знае да го привлече на друг начин вниманието на јавноста, па со ваквите нарачки врши дефокусирање на вистинските проблеми во нивната партија. СДСМ се води од принципот дека колку повеќе се зборува за сè друго, толку помалку ќе има време за реалните и вистински проблеми кое го тиштат членството на СДСМ, се вели во текстот на Денешен.