Интересни факти за историјата на презервативите

За кондомите се претпоставува дека името го добиле според докторот Кондому, кој работел во шестанесетиот век.

Тој меѓу првите се досетил како да му помогне на кралот со проблемот околу зачнувањето на незаконски деца.

Во времето на Казанова кондомот бил нарекуван “англиски капут за јавање”, а самиот Казанова бил редовен корисник на овој изум.

За време на Втората светска војна, кондомите се користеле за многу невообичаена цел.

Имено, со нив се заштитувале цевките на пушките од солта додека се одвивала воена акција која што барала премин преку море.

Првите гумени кондоми почнале да се произведуваат масовно во текот на 1844. година, кога е патентиран и процесот на вулканизација на гумите. Претходно биле достапни кондоми направени од јагнешки црева и исто така биле наменети за еднократна употреба. Во текот на 40-те години, кондомите после употребата се переле и се чувале во петролејско желе се до повторната употреба.

Првите автомати за кондоми биле поставени во далечната 1928. година, а биле измислени од страна на германската компанија Fromm. Оваа фирма е првата која што на пазарот ги пуштила првите кондоми со ликот на Мики Маус.

Масовното производство на кондоми започнува во раните 90-ти години, кога е произведен и првиот полиуретански кондом.

Извор: Мама365.мк