
Македонски камионџија бил уапсен вчера попладне во Брчко бидејќи превезувал тројца мигранти од Авганистан.
Четириесет и осумгодишниот Ј.С. бил приведен и во тек е истражна постапка.
– На лицата од Авганистан им беше укажана помош и тие беа предадени на службата за странски државјани, изјавил Халид Емкиќ, одговорен за односи со јавноста во полицијата во Брчко.
Тројцата Авганистанци биле хоспитализирани поради исцрпеност. Босна засега не е важна алка на балканскиот пат на бегалците, но по затворањето на Унгарија и тензиите на хрватско-српската граница се очекува дека е можно да се развие и босански крак на патот кој пренесува бегалци од Турција преку Балканот до земји од Шенген зоната.