
Милијардерите наскоро ќе „лудуваат“ по хит сензацијата – мобилен остров.
Како што наведуваат американските медиуми, иако навидум идејата изгледа помалку налудничава, сепак компанијата „Мигалу Прајват Сабмаринс“ серизоно работи на проектот и од таму сметаат дека е само прашање на време кога некој милијардер ќе си нарача приватен мобилен остров.
Станува збор за структура делумно потопена во вода, која нуди луксуз каков што се среќава само во најскапите хотели.
Секој мобилен остров ќе се гради според желбите на сопствениците, а компанијата е подготвена за почеток на изградбата веднаш штом ќе ја добие првата порачка.
Компанијата информира дека цените на овие мобилни острови ќе зависат од желбите и барањата на купувачите.