
Мотор се преврте претпладнево на раскрсницата во близина на ресторанот Галија.
Нофицијално, во несреќата нема жртви и тешко повредени.
Полицијата веднаш изврши увид на местото на несреќата.
Несреќата предизвика хаос во сообраќајот, возилата се заглавени во колона долж целиот булевар Мајка Тереза.