
Во германскиот град Калден изби масовна тепачка помеѓу две групи на мигранти. Тепачката во која учествувале 400 мигранти, според полициски информации избила по вербална расправија помеѓу помлади и постари лица сместени во кампот.
Би Би Си јавува дека тепачката избила по кавга во кантината меѓу Сиријци и Албанци. Се тепале со стапови и се прскале со спрејови за иритација. Тепачката траела неколку часа!
Четиринаесет лица се повредени, од кои тројца полицајци.
Во овој камп и претходно имало вербални расправии и затоа една група на мигранти со автобуси била пренесена на друго место.
Во овој камп се сместени над 1.500 бегалци од 20 земји, претежно од Сирија и Пакистан.