
Помладата од сестрите и денеска осамна на чело и ја почнува 260-та недела како лидер на ВТА листата.
Исто толку има и нејзината сонародничка Еверт, но јасно е дека Вилијамс идната недела ќе ја помине бидејќи нема никој што може да ја загрози во меѓувреме.
Сепак, засега далеку пред неа се Мартина Навратилова со 332 и Штефи Граф со 377 недели, па се поставува прашање дали се тие достижни за Серена имајќи предвид дека таа во саботата наполни 34 години.

Многу поверојатно е Вилијамс да ги стигне двете тениски легенди според бројот на последователни недели поминати на првото место на ВТА листата. Од оваа недела, таа е 137 седмици на чело, а со оглед на огромната бодовна предност пред конкурентките, јасно е дека таму ќе остане најмалку уште половина година. За да ја стигне Навратилова и се потребни 19 недели, односно нешто помалку од пет месеци, додека Штефи Граф и “бега” 49 недели, односно малку повеќе од 11 месеци.
На денешната ранг листа, Серена Вилијамс е на првото место со 11.500 бода, речиси 5.000 повеќе од второпласираната Симона Халеп.