
Според проекциите на Светска Банка, Македонија во 2015-тата има највисока стапка на раст. Највисоки стапки на раст проектирани во 2015 година се 3,2 проценти во Македонија и 3,4 проценти во Црна Гора, а најниски се во Србија – 0,5 проценти.
Во најновиот Редовен економски извештај за Југоисточна Европа на Светска банка, се вели дека економската активност во шесте земји на Југоисточна Европа (ЈИЕ6) забрзува и се очекува раст во просек од 1,8 проценти во 2015 година, споредено со само 0,3 проценти во 2014 година.

Приватните инвестиции станаа главен двигател на регионалниот раст земјите на ЈИЕ6.
Во извештајот се вели дека како изминува 2015 година, економскиот раст долж регионот е стимулиран од закрепнувањето во домашната побарувачка и развојот на глобалната економија.
Македонија и Црна Гора со најголеми стапки на раст
Највисоки стапки на раст проектирани во 2015 година се 3,2 проценти во Македонија и 3,4 проценти во Црна Гора, а најниски се во Србија – 0,5 проценти.

Иако заостануваат позади остатокот од земјите во регионот на ЈИЕ6, Србија и Босна и Херцеговина закрепнуваат побрзо од очекуваното, по поплавите од 2014 година.
Закрепнувањето поттикна создавање работни места и вработеноста долж регионот бавно се зголемува, додека Србија и Македонија бележат највисоки стапки на вработеност од средината на 2009-та.