
Американскиот сенатор од државата Вирџинија, Ричард Дик Блек за телевизијата „Раша тудеј“ изјави дека САД ги финансираат џихадистите на Исламската држава, пренесува Слобода.хр.
Тој наведе и земји меѓу кои Саудиска Арабија и Турција, кои исто така ги вооружуваат џихадистите.
Се надевам и се молам дека САД ќе се пробудат и ќе го запрат овој масакр. Време е да се врати мирот на Блискиот исток. Ако престанеме да ги финансираме џихадистите, војната ќе заврши, рече Блек.
Тој се осврна и на улогата на поранешниот државен секретар, Хилари Клинтон, при што произнесе тешки обвиненија дека таа водела низа акција за режимите на Блискиот исток да бидат заменети со режими на радикалните исламисти.