
По низата лаги од опозицијата во врска со бројот на вработени во јавната администрација, експертите излегоа со свои ставови.
„Напумпаните“ податоци кои ги објавија опозициските медиуми, експресно беа демантирани од МИОА, пишува „Курир“.
Целосно се неточни тврдењата дека бројката на вработени во државната администрација изнесува 185.000. Таа е далеку од реалната, а текстот е политички тенденциозен. Од тие причини, а во интерес на граѓаните и на вистината, уште еднаш информираме дека во јавниот сектор се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која лажно се шпекулира во јавноста, стоеше во соопштението на министерството.
Со овие цифри се сложуваат и експертите кои гостуваа во „ТОП ТЕМА“ на Телма телевизија. Универзитетски професор Драган Гоцевски се согласува дека 128.000 вработени во администрацијата е реална бројка.
Бројката најверојатно се движи некаде помеѓу 120.000-130.000, па дури би ја поддржал бројката од 128, вклучително со јавните претпријатија…Некаде 1998-ма година чинам дека ММФ за прв опат вади некоја бројка кај нас 120-125.000 вработени во вкупен јавен сектор според некоја нивна методологија, нашиот дефицит односно дефицитот на капацитетите на РМ што не создавале соодветни залихи на информации. Не воделе соодветни регистри колку луѓе каде работат. Податокот за колку луѓе каде работат го има секоја организација само за својата организација, истакна тој.
Доколку се направи компарација на бројот на вработени во јавната администрација во Македонија со земјите членки на ЕУ, ќе се дојде до резултат дека дека дури 17 земји членки на ЕУ имаат повеќе вработени лица во централната јавна администрација според бројот на жители.
Бројот на вработени во централната јавна администрација во Македонија (општ владин сектор, минус војска, образование и здравство) изнесува 49 илјади, што претставува 2,36 отсто од вкупниот број на жители во државата или под просекот на земјите членки на ЕУ каде бројот на вработени во централната јавна администрација просечно изнесува 2,4 отсто од вкупниот број на жители.
Бизнисменот Горан Рафајловски во вчерашната емисија говореше за примерот на Словенија. Според податоците, во оваа земја која има речиси ист број на жители со Македонија, има околу 60.000 повеќе административци отколку кај нас.
Словенија има 180.000 и лесно ја поднесува администрацијата запослена кај себе, посочи тој.
Драган Петровски од Асоцијацијата за човечки ресурси вели дека законските измени во Македонија за овој сектор се направени по високо искуство од Велика Британија.
Ние како Асоцијација го следиме развојот и во делот на јавната администрација и од наш аспект навистина има доста работи кои се направени во изминатиов период токму во насока на професионализирање на кадрите во јавната администрација. Тука пред се мислам на законските решенија кои што се од последните измени на Законот за јавна администрација од почетокот на оваа година. Понатаму, воведувањето на стандардите за човечки ресурси во јавната администрација што исто така, практички нивното прво издание е во 2009-та година, меѓутоа преработеното е во 2014-та, кои треба да обезбедат една навистина добра рамка за позитивен развој на кадрите во јавната администрација… Апсолутно, законските рамки, рамките кои што се донесени од страна на МИОА се навистина во насока на поддржување на ваквите стандарди и јас колку што знам тие се работеа заеднички со помош на Британската амбасада преку заеднички проект кој што го работеа. Фактички, искуствата кои беа во администрацијата во Велика Британија беа на некаков начин преточени во овие стандарди, рече тој.
Експертите го разобличија СДСМ. Опозиционерите и на оваа тема се служат со лаги и невистини, без да имаат реални податоци и бројки.