Пијани мајка и син претепале полицајци во Штип

Пијани мајка и син претепале полицајци во Штип. Полицајците преземале мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир помеѓу Л.В.(50) и Е.В.(28) од с.Лакавица, кои се карале, викале и непристојно се однесувале.

Инцидентот се случил синоќа во 23.40 часот на бензинската пумпа во населбата Ново село во Штип.

Мајката, Л.В. побарала од  полициските службеници да го спречат нејзиниот син Е.В. во намерата да управува патничко моторно возило бидејќи бил под дејство на алкохол.

Од страна на полицискиот службеник на Е.В. му било издадено нардба да не го стартува возилото и да излезе од него, по што истиот  излегол и физички го нападнал полицискиот службеник. Вршејќи службени дејствија полицискиот службеник бил физички нападнат и од Л.В.

Пијаните мајка и син биле приведени во полициската станица Штип каде им било извршено алкотестирање.

Кај синот е утврдено присуство на алкохол од 2,00 промили, додека кај мајката 0,64 промили. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.