Од утре следува период на сончево и потопло време, со постепен пораст на температурите.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб ветер од северен правец, не очекува во текот на денешниот ден. Според најавите, утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната ќе се искачи од 15 до 21 степен.
Во Скопје слично време
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Следува период на сончево и потопло време

Потоа следува период на сончево и потопло време со умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.