
Бензинска станица во Киев воведе неверојатна акција – им точи бесплатно гориво на девојки облечени во бикини.
Тоа се покажа како одличен маркетиншки трик, бидејќи на повикот се одзваа голем број купувачи, а бензинската станица набрзо се претвори во „врела“ модна писта.
Покрај ова, необичната понуда заврши и во локалните, но и во светските медиуми, со што бензиската станица доби дополнителна бесплатна реклама.
Засега не е познато колку литри бензин биле продадени со ова акција, но она што иницијаторите на кампањата веројатно не го очекувале, беше и тоа што и одреден број мажи дошле облечени како за на плажа.