
Аријан Адеми и Динамо Загреб во вторникот се соочија со Баерн Минхен во рамките од второто коло од групата Ф, а Баварците со 5:0 го демолираа хрватскиот претставник.
Нашиот репрезентативец во интервјуто за спортскиот интернет портал Goal.com ги истакна своите впечатоци од германскиот гигант.
Едноставно Баерн е премногу добар. Тие се опасни од сите позиции. Уште од првиот гол ние немавме шанси да се вратиме. Откако сум во Динамо, а тоа е од 2012 година, имам играно против многу силни тимови, но тие се далеку назад во споредба со Баерн. Има голема разлика од поразите од Порто, ПСЖ, Динамо Киев бидејќи и тие ќе загубеа од Баерн, затоа немаме никаков проблем да го прифатиме тоа, изјави Адеми.

Тој додаде..
Никогаш не сум видел играч како Алаба. Сите играчи на Баерн се одлични, но Давид Алаба е најдобар, едноставно не сум видел таков играч! Неверојатно е тоа што го може. Левандовски дава голови, невозможно е да го сопреш Даглас Коста, но Алаба ме шокираше. Тој нема слабост, има одличен преглед, брз е, во дефанзивата е супериорен, едноставно може да ја игра секоја позиција на теренот. Атмосферата на натпреварот беше фантастична, најдобрата во мојот живот! Голема е честа да се игра на ваков стадион со ваква атмосфера, против таков опонент, заврши нашиот репрезентативец.