
Најмалку 11 лица го загубија животот, а седум се повредени денес кога автобус удри во постојка во Анкара.
Според дел од турските медиуми автобусот удрил во постојката поради откажување на сопирачките.
На местото на несреќата имаше и тензии меѓу насобраниот народ и полицијата.
Припадниците на безбедносните сили употребија солзавец за растурање на насобраниот народ.