
Писмото на специјалците кое го објавија медиумите блиски до СДСМ е целосно измислено, пишува денес порталот „Курир“.
Во својата анализа, „Курир“ нагласува дека во изминатиот период опозициските медиуми настапуваат со фронтални лаги и потполно измислени стории.
На овој начин тие сакаат да ја супституираат неактивноста на опозицијата и повторно јавноста да ја спамираат со политички теми наметнувајќи психоза на криза во јавноста и отворено манипулирајќи, како најдобар показател и израз на немоќ на СДСМ, пишува „Курир“.
Во анализата се напоменува дека една од тие лаги е и измисленото писмо на специјалците.
Во јавноста најпрво Алсат објави наводно писмо на специјалците кои учествуваа во разбивање на терористичко криминалната група во Диво насеље во кое тие бараат наводно специјалниот обвинител Катица Јанева да го разгледа случајот на полициската акција. Веднаш соросовите медиуми се налепија на темата и ја превземаа веста. Алсат објави дека писмото е отворено и пренесе дел од неговата наводна содржина иако не го објави самото писмо во материјална форма ниту пак кој стои зад писмото. Бидејќи самата телевизија нагласува дека писмото е отворено уште на самиот почеток беше сомнително што никој друг не го видел самото писмо и тоа што телевизијата не го објавуваше како веродостоен податок, пишува „Курир“.
Во јавноста веднаш се отворија дилеми дали ова писмо воопшто постои. Под притисок на јавноста отвореното писмо преку ноќ стана анонимно односно опозицискиот Фокус објави дека наводно Катица Јанева им потврдила дека го добила писмото, но и дека тоа останува анонимно.
Лагата целосно беше разоткриена. Потврда дека такво писмо воопшто не постои и дека е измислено во некоја од партиските кујни на опозицијата е изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева дадена за Дојче Веле.
Јанева тврди дека такво писмо не добила и дека за него била информирана од јавноста, поточно од соросовите портали кои ја измислија содржината на писмото и сакаат да го протнат како апсолутна вистина. Специјалната обвинителка даде сосема куса изјава со која целосно го расветли случајот со наводното писмо на специјалците.
Не, не сум добила писмо. Она што го кажав и ќе го повторам, е дека го прочитав писмото во медиумите, рече Јанева.
„Курир“ нагласува оти е очигледна тенденцијата на медиумите под контрола на СДСМ да создадат вештачка слика од настаните на Куманово и на извесен начин да ја продолжат нивната некрофилска политика и преку лаги и манипулации да издвојат политички бенефит, со создавање на погрешни перцепции и слика за неуспешност и монтирање на акцијата со која беше разбиена една од најопасните криминални групи на балканот.
Дното е постигнато со перфидните лаги кои сакаат да ја контаминираат македонската јавност. Ова не е прв пат отворено да лажат и фабрикуваат погрешни информации. Соросовите медиуми под контрола на СДСМ постојано во јавноста протнуваат погрешни информации, пишува „Курир“ и додава дека за кумановската акција истите медиуми лажеа дека имало цивилни жртви, дека загинала мајка со дете, наметнуваа воена психоза дека се пука во Тетово и Арачиново, па терористите ги направија цивили во патики и тренерки, лажеа дека војската подготвува гумени куршуми за протест, тврдеа дека терористите преговарале со полицијата.
Во анализата исто така се наведува дека истите овие медиуми лажат и за други теми. Како пример се посочува објавената целосна измислица дека наводно Протоѓер ургирал да се вработи Гордана Јанкулоска за плата од 10 илјади евра во Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Тука не застануваат измислиците. По лагата за Јанкуловска, овие медиуми измислија дека државата е меѓу најзадолжените во Европа, а според светска банка и ММФ а и според Еуростат државата е меѓу најмалку задолжените земји на европскиот континент.