Ставрески во посета на Росоман

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес е во работна посета на Росоман.

Тој ќе изврши увид во реализацијата на неколку локални проекти и ќе оствари средби со жителите од околните населени места.

За време на посетата, вицепремиерот Ставрески ќе присуствува на пуштање во употреба на  резервоар за водоснабдување, проект што се имплементира преку Министерството за финансии, а ќе изврши и увид во градежните активности за асфалтирање на повеќе улици во Росоман.

Вицепремиерот Ставрески ќе ја посети и винаријата „Тиквеш Гоце Делчев“ каде ќе оствари средба со раководството.